Македонски граѓански веб директориум

Цел на проектот “НВО Портал“

Долгорочната цел на проектот НВО Портал е зголемување на степенот на циркулација на информации помеѓу сите организации, институции и поединци активни во граѓанскиот сектор во Македонија.
Тоа ќе биде постигнато преку создавање на национален електронски медиум специјализиран за пласирање на информации во врска со граѓанските организации во Р.Македонија.


Целна група

Целната група на која не наменет проектот се сите граѓански и невладини организации во Република Македонија кои делуваат на локално, регионално и/или национално ниво.
Оваа целна група ќе биде опфатена преку собирање и објавување на информации за организациите и нивните активности за да се зголеми квантумот на информации за организациите пласирани во јавноста.

 

Корисници на информациите ќе бидат сите граѓани од Р.Македонија и надвор кои сакаат да дојдат до информации за невладините организации од Р.Македонија, како и самите организации и институции од државата и од странство кои сакаат да се информираат за активносите на НВО секторот, да пронајдат одредена специфична информација од оваа област или да стапат во контакт со соодветна/сродна организација за склучување на соработка или партнерство.


Резултати и влијание

Со имплементацијата на проектот очекуваме НВО Портал да прерасне во водечки медиум за граѓанскиот сектор во Р.Македонија. Исто така очекуваме активните граѓански организации од Македонија  своите информации и актовности да ги презентираат преку порталот и актовно да ги користат сите услуги и информации од истиот. Очекуваме дека НВО Порталот ќе придонесе кон развојот на мрежната соработка и партнерството помеѓу граѓанските организации, медиумите, државните институции од Р.Македонија како и надвор од неа.

 

Во однос на содржината и посетеноста на НВО Порталот очекуваме дека за проектниот период www.nvo.org.mk ќе има преку 1500 посети, во себе ќе содржи информации за до 3000 веб страници на организации од Македонија и до 4500 организации во адресарот на граѓански организации, активните корисници на информации преку Њулетер да бидат до 500 а со преку 50 организации и фондации да биде потпишан меморандум за соработка и размена на информации. Исто така очекуваме во склоп на ова да бидат остварени соработки со десетина локални и национални медиуми со кои постојано ќе се врши размена на информации а можен е и заеднички настап во јавноста.